🎥 ГО ПРОДУПИЛЕ ЅИДОТ И ОД ТРЕЗОР ОДНЕЛЕ ОКОЛУ 90 МИЛИОНИ ЕВРА Спектакуларен грабеж на филијала на Шпаркасе банка во Германија

Околу 2.700 клиенти на банката се оштетени со оваа кражба во Гелзенкирхен, соопштија полицијата и банката Шпаркасе. Гневните штедачи се собраа денеска пред банката барајќи си ги своите пари.

286

Крадци во Германија украле имот вреден повеќе десетици милиони евра од трезорот на една банка, соопшти германската полиција.

Околу 2.700 клиенти на банката се оштетени со оваа кражба во Гелзенкирхен, соопштија полицијата и банката Шпаркасе. Гневните штедачи се собраа денеска пред банката барајќи си ги своите пари.






Полицијата смета дека вредноста на сè украдено достигнува околу 90 милиони евра.

Грабежот се случил вчера, а банката остана затворена и денеска, додека околу 200 луѓе се појавија пред неа барајќи да влезат внатре, пренесува ДПА.

Противпожарниот аларм ги повикал полицајците и пожарникарите во филијалата на банката малку пред 4 часот наутро во понеделникот.

Тие пронашле дупка во ѕидот и го пребарале трезорот. Полицијата верува дека била користена голема дупчалка за пробивање на ѕидот.

Сведоци им кажале на истражителите дека во текот на викендот виделе неколку мажи како носат големи торби во блиската гаража.

Поврзани содржини