ГО ПРОБОЛ СО НОЖ ПРЕД ЛОКАЛ Крвава пресметка во Виница, напаѓачот исчезна

Момче било прободено во стомакот пред локал во центарот на Виница, полицијата трага по осомничениот кој избегал од местото на настанот.

124

Тешко повреден млад маж бил донесен во Итната медицинска помош во Виница откако бил нападнат со остар предмет пред угостителски објект во центарот на градот.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, денеска околу 02:00 часот по полноќ, во ОВР Виница било пријавено дека маж со повреди од остар предмет бил донесен од екипа на Брза помош. Станува збор за Д.С. од Виница, кој, според првичните информации, бил нападнат пред угостителски објект на булеварот Маршал Тито.






Нападот, како што било пријавено, го извршил Н.К., исто така од Виница, кој му нанел неколку убодни рани во пределот на стомакот на жртвата, по што се дал во бегство.

Повредениот бил итно згрижен од медицинскиот тим, а неговата здравствена состојба засега не е официјално соопштена.

Од СВР Виница потврдуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачот и целосно расчистување на случајот. Истрагата е во тек, а засега не се откриваат дополнителни детали за мотивот на нападот или дали напаѓачот и жртвата се познавале.

Поврзани содржини