📽️ ГО ПРИВЕДОА, А ТОЈ ИМ ПОБЕГНА И СЕ ВРАТИ МЕЃУ НИВ Маж од Нов Белград стана хит на социјалните мрежи откако побегна на полицијата
Не само што успеал да побегне од возилото, туку повторно се приклучил кај полицијата, додека тие ја проверувале личната карта на друг демонстрант, без да сфатат дека тоа е истото лице што претходно го приведоа.
Видео кое кружи на социјалните мрежи открива бизарна сцена од вчерашниот протест во Нов Белград, каде жителите протестираа против изградба на хотел, супермаркет и кафуле веднаш до станбена зграда, објави „Н1 Србија“.
Додека полицијата се обидувала да ги смири насобраните граѓани, снимката покажува како еден маж, најверојатно учесник на протестот, бил приведен и ставен во полициско возило.
AHAHAHAHA, PANDURI POKUPE LIKA I STRPAJU GA U KOLA, ON IM IZAĐE NA DRUGU STRANU, HAHAHAHAHAHA!
(odgledati do kraja)video: @mavkoo pic.twitter.com/bQPWhcTBaY
— Čarli Vafls (@CharlieWafflees) April 8, 2025
Но, на изненадување на сите присутни, и според сведоштвата, човекот успеал да излезе од другата врата на полициското возило и незабележан да се врати назад.
Не само што успеал да побегне од возилото, туку повторно се приклучил кај полицијата, додека тие ја проверувале личната карта на друг демонстрант – без да сфатат дека тоа е истото лице што претходно го приведоа.
PAR MINUTA KASNIJE LIK SE VRAĆA DO PANDURA DA VIDI BROJ ZNAČKE, OVAJ NIJE UZVALIO, HAHAHAHAH 👇 pic.twitter.com/TW2H3XH5U2
— Čarli Vafls (@CharlieWafflees) April 8, 2025
Видеото ги насмеа корисниците на „Х“
„Половина час плачам од смеење“, „Овие ќе живеат“, „Одамна не сум се смеел толку слатко“, „Би изгубиле две нацртани гуски“, „Феномен познат како ‘циркулирачки затвореници во природата’“, „Ова е хит“, се само дел од коментарите под објавата.