ГО ПРЕСРЕТНАЛЕ СО АВТОМОБИЛ И МУ ГО ЗЕЛЕ МОБИЛНИОТ Полицијата уапси три лица од Скопје
Лицата се сомничат за „разбојништво“. Според билтенот на полицијата, инцидентот се случил кон 19 часот во скопско Трубарево.
Тројца скопјани се сомничат дека во село Трубарево со автомобил го пресретнале 42-годишниот В.Д., по што едниот од нив го нападнал со тврд предмет и му го одзел мобилниот телефон. Потоа избегале. Полицијата ги задржа во станица 22-годишниот М.С., 21-годишниот С.С. и 17-годишник.
Лицата се сомничат за „разбојништво“. Според билтенот на полицијата, инцидентот се случил кон 19 часот.
„На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.С.(22), С.С.(21) и 17-годишник, сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘разбојништво“.