🎥 ГО ПРЕНЕСУВАА НА НОСИЛКИ И ГО КАЧИЈА НА ХЕЛИКОПТЕР Најден е исчезнатиот селанец од Доруфлија во животозагрозувачка состојба

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, посочува дека со помош на градоначалникот на општина Лозово и на локалното население, како и на полицискиот тим и на тимот од Единицата за брзо распределување, е пронајдено исчезнатото лице, во полусвесна состојба, без можност да комуницира. Тимот на Брза помош имал потешкотии да стигне на местото на настанот бидејќи било тешко да се премине реката.

487

Селанецот од село Доруфлија, кој исчезнат, е пронајден во животозагрозувачка состојба и спасен.

– Во исто време, додека низ државата беснеат многубројни пожари се одвиваше напната спасувачка потрага и мисија, покрај реката Брегалница, југозападно од овчеполскиот врв Богословец, во атарот на селото на Атиџе од Медена Земја, с. Бекирлија, најпрво во животнозагрозувачка состојба беше пронајдено а потоа и спасено 35-годишно исчезнато лице од с. Дурфулија, општина Лозово, кое на носилки беше пренесено преку реката Брегалница а потоа качено во хеликоптер и пренесено до Државната болница во Скопје – изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.






Ангелов посочува дека со помош на градоначалникот на општина Лозово и на локалното население, како и на полицискиот тим и на тимот од Единицата за брзо распределување, е пронајдено исчезнатото лице, во полусвесна состојба, без можност да комуницира. Тимот на Брза помош имал потешкотии да стигне на местото на настанот бидејќи било тешко да се премине реката.

Со помош на полициски хеликоптер повредениот е извлечен.

ИСЧЕЗНА СЕЛАНЕЦ ОД ДОРУФЛИЈА Полицијата и 50 соселани трагаат по него

Поврзани содржини