📽️ ГО ПРАШАВ ПУТИН ДАЛИ Е ТИГАР ОД ХАРТИЈА, ТВРДИ ТРАМП Шефот на САД пред генералите рече дека Украина може да победи

Шефот на САД пред генералите ја повтори тезата за „хартиениот тигар“ која првпат ја искажа на 23 септември, на што Кремљ одговори дека Русија почесто се поврзува со мечка и дека нема мечка од хартија.

240

„Му реков на Путин: Не изгледаш добро. Четири години водиш војна што требаше да трае една недела. Дали си тигар од хартија?“.

Вака се пофали американскиот претседател Доналд Трамп говорејќи пред американските генерали за војната во Украина и односите со Русија.






Со ова Трамп уште еднаш ја повтори тезата за „хартиениот тигар“ која првпат ја искажа на 23 септември, на што  Кремљ одговори дека Русија почесто се поврзува со мечка и дека нема мечка од хартија.

Обраќајки се пред генералите, Трамп ја повтори и својата теза дека Украина би можела целосно да си ја врати изгубената територија од почетокот на војната.

Овојпат, тој изјави дека секоја вистинска воена сила на фронтот во Украина би победила во рок од 7 дена, додека продолжената војна укажува на системски слабости во Москва.

– Украина може целосно да си ја врати територијата – нагласи шефот на САД, посочувајќи дека Русија се соочува со „сериозни економски проблеми“.

Трамп свика неколку стотици генерали на состанок заедно со секретарот за одбрана на САД Пит Хегсет, а написите за тоа како поминал состанокот беа мешани. Аналитичарите напишаа дека во фокус биле безбедносните предизвици во односите со Кина.

Претседателот на САД неодамна го смени името на Пентагон во Министерство за војна.

Трамп првпат ја изнесе тезата дека Украина може да ги врати териториите по неодамнешната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Изјавата на Трамп заедно со најавите за можни силни санкции за Русија, доколку Москва не седне на преговарачката маса, се сметаат за силна промена на политиката на САД во однос на Москва.

 

 

Поврзани содржини