Ѝ ГО ОТКИНАЛЕ ЃЕРДАНОТ КАЈ МОСТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Полицијата ги фати крадците за два часа

Двајца осомничени се уапсени по грабеж на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје. Украдениот накит е пронајден и ќе биде вратен на 74-годишната сопственичка.

265

Двајца скопјани се лишени од слобода откако со сила одзеле накит од 74-годишна жена на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, а полицијата реагирала во рок од два часа и го пронашла украденото.

Според соопштеното од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил околу 13:05 часот. Напаѓачите употребиле физичка сила.






Полицијата ги уапсила осомничените околу 15:30 часот. Станува збор за лицата А.М. и А.С. на возраст од 39 и 28 години.

Одземениот накит е пронајден. Ќе биде вратен на сопственичката.

Поврзани содржини