ГО ОДВРЗАА ЌЕСЕТО Англиските клубови потрошија 1,1 милијарди фунти на трансфери

Од вкупната сума, премиерлигашите во последниот ден од преодниот рок потрошиле 150 милиони фунти.

168

Англиските фудбалски клубови потрошија 1.1 милијарда фунти на трансфери во текот на летниот преоден рок, што е за 11 отсто помалку во споредба со минатото лето кога премиерлигашите издвоија 200 милиони фунти повеќе.

Според податоците на ревизорската куќа „Дилојт“, тоа е најниска колективна потрошувачка од страна на екипите од Премиер лигата од 2015 година, а воедно регистриран е последователен пад за прв пат од глобалната финансиска криза меѓу 2008 и 2010 година, објави британскиот сервис Би-Би-Си.






Од вкупната сума, премиерлигашите во последниот ден од преодниот рок потрошиле 150 милиони фунти.

Германската Бундеслига е единствена европска лига од „големата петорка“, која ја зголемила потрошувачката ова лето.

По Премиер лигата, најмногу пари во летниот преоден рок потрошиле италијанските прволигаши – 475 милиони фунти.

Поврзани содржини