📽️ ГО ОБВИНИЈА ЗА КАНИБАЛИЗАМ, А СЕГА ОСТАНА БЕЗ ПАРИ Познатиот актер остана без работа, а сега и без леб

Откако се вратив во Лос Анџелес, ставам бензин од 500 долари во мојот камион и не можам да си го дозволам. Повеќе не можам да си дозволам за гориво - им рекол тој на своите следбеници

1,297

Пред неколку години, актерот Арми Хамер се соочи со обвинувања за злоупотреба и канибализам, а тоа му ја уништи кариерата.

По големиот скандал и обвинувања, Хамер остана без работа, а сега и без пари.






Вчера на својот Инстаграм профил објави видео во кое вели дека ќе мора да го продаде својот камион.

– Откако се вратив во Лос Анџелес, ставам бензин од 500 долари во мојот камион и не можам да си го дозволам. Повеќе не можам да си дозволам за гориво – им рекол тој на своите следбеници

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @armiehammer

– Имам нов мал автомобил. Тоа е хибрид. Веројатно ќе ставам 10 долари месечно на бензин – рече тој.

Тој, исто така, додаде дека му е тешко да се ослободи од својот камион.

– Го купив како божиќен подарок во 2017 година. Навистина го засакав овој камион, неколку пати го носев на кампување низ земјата, а одев и на долги патувања – рече тој во еден здив.

Тој се присети и како го користел тој камион за да ги земе децата откако ќе се родат.

Актерот има две деца, ќерката Харпер и синот Форд со поранешната сопруга Елизабет Чемберс.

Да потсетиме, актерот се најде на насловните страници во 2021 година по пораките кои наводно ги испраќал, а во кои детално и сликовито се опишани неговите сексуални желби, вклучително и канибалски фетиш.

Во една порака напиша „Јас сум 100 проценти канибал“.

Покрај тоа, Арми е обвинет за силување и сексуално злоставување на неколку жени, а тој уште од самиот почеток жестоко негираше. На крајот тој беше ослободен.

Поврзани содржини