ГО НОСЕЛЕ СО БРЗА ПОМОШ, АМА ЗАПРЕЛЕ ДА ПРИКАСНАТ Ќерката на пациентот била гладна
Кога дошло возилото, ќерката на свое барање, бидејќи ништо немала испиено и јадено цел ден, ги замолила да застанат. Татко ѝ бил свесен и контактибилен во тек на целиот ден. Оваа информација во целост ја потврди ќерката на пациентот, соопшти Министерството за здравство.
Ќерката на пациентот од Струга ги натерала вработените во Брзата помош да застанат на првата бензинска станица за да се најаде, а за тоа време нејзиниот татко лежел во болничкото возило, соопшти Министерството за здравство (МЗ) откако во јавноста се појави снимка на која се гледа како вработените во Брзата помош си пијат кафе на бензинска, додека пациентот ги чека во возилото.
„Се работи за пациент кој во понеделникот испишан од болницата требало да биде трансфериран во Општа болница Струга. Пациентот бил во терминална фаза од болеста. Тој и неговата ќерка тргнале сами на нивно барање со сопствен превоз. Меѓутоа, кога стигнале до излезот на градот, ќерката сфатила дека нема да може сама и се јавила во ЗД Струга. Од таму обезбедиле возило кое за кратко пристигнало. Кога дошло возилото, ќерката на свое барање, бидејќи ништо немала испиено и јадено цел ден, ги замолила да застанат. Татко ѝ бил свесен и контактибилен во тек на целиот ден. Оваа информација во целост ја потврди ќерката на пациентот. И покрај тоа што таа барала, не е дозволено застанување на Брзата помош на тој начин и Министерството за здравство покрена инспекциски надзор и побара изјаснување од директорот на Здравствен дом Струга. По наодите ќе се преземат соодветни мерки“, соопшти Министерството за здравство.
Инаку, како што објавија дел од медиумите, пациентот починал неколку дена по транспортoт.
Бил во терминална фаза на карцином и го транспортирале од Скопје до Струга.