ГО „НАКРЦАЛ“ ВОЗИЛОТО СО ЧАНТИ И КУФЕРИ Фатен шверцер на Меџитлија

Непријавената стока е откриена при контрола на патничко моторно возило кое се пријавило на влез во земјава.

162

На граничниот премин Меџитлија е спречен обид за криумчарење на 45 женски чанти, четири куфери и еден ранец, по извршена контрола од страна на царински службеници, соопштија од Царинската управа.






– Непријавената стока е откриена при контрола на патничко моторно возило кое се пријавило на влез во држвава. Поради сомнение во изјавата на возачот извршена е физичка контрола на возилото, при што во возилото во просторот помеѓу седиштата и во багажниот простор  пронајдени се непријавени 45 женски чанти, четири куфери и еден ранец – се вели во соопштението од Царинската управа.

Непријавените производи се привремено задржани, а против лицето е поведена соодветна прекршочна постапка

 

Поврзани содржини