ГО НАЈДОА ВОЗАЧОТ КОЈ ПРЕГАЗИ ДЕВОЈЧЕ ВО КАПИШТЕЦ Удри малолетничка и ја остави, сега ќе одговара

Полицијата го идентификуваше возачот кој удри 11-годишно девојче на Васил Ѓоргов и избега од местото, против него ќе следува кривична пријава.

1,471

Полицијата го пронајде возачот кој пред неколку дена удри 11-годишно девојче во Скопје и потоа избега од местото на несреќата.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, станува збор за С.Б. од Скопје, кој е идентификуван по преземени полициски мерки.






Несреќата се случила на 16 март околу 13:20 часот на крстосницата меѓу улиците Васил Ѓоргов, сервисната улица и Народен Фронт, кога патничко возило ја удрило малолетничката и веднаш го напуштило местото.

Девојчето со тешки телесни повреди било пренесено во Ургентниот центар при Клиничкиот комплекс Мајка Тереза, од каде во 16:10 часот случајот бил пријавен во полиција.

По интензивна потрага, возачот е лоциран и против него ќе биде поднесена кривична пријава. Тој се товари за „тешки дела против безбедноста во сообраќајот“, како и за неукажување помош на повредено лице.

Поврзани содржини