ГО МОЛАТ ТРАМП ДА НЕ ГО НАПАЃА ИРАН Четири арапски земји во дипломатска офанзива
Земјите од Персискиот Залив стравуваат дека американските воени бази на нивна територија би можеле да бидат цел на иранската одмазда во случај на американски напад.
Претставници на Саудиска Арабија, Катар, Оман и на Египет 48 часа имаа интензивни дипломатски разговори со Вашингтон и Техеран за да ги спречат САД воено да го нападнат Иран, изјави неименуван извор.
Според него, разговорите биле насочени кон намалување на запаливата реторика и избегнување каква било воена операција, што може да предизвика регионална нестабилност.
Претставниците на арапските држави предупредија дека агресијата би имала сериозни безбедносни и економски последици во регионот.
Земјите од Персискиот Залив стравуваат дека американските воени бази на нивна територија би можеле да бидат цел на иранската одмазда во случај на американски напад. Тие се загрижени и од евентуални напади врз енергетските постројки, врз кои се заснова регионалната економија,
Ниту САД ниту Иран официјално не соопшти детали од дипломатските напори на арапските држави.