ГО ЛАЖЕЛА ДЕКА ЌЕ СТАНЕ ТАТКО, ТОЈ Ѝ ИСПРАТИЛ 18.000 ЕВРА Гостиварка го убедувала партнерот од Косово дека е бремена

33-годишната жена во неколку наврати добила пари преку брз трансфер откако го убедувала партнерот дека е бремена со негово дете.

0

33-годишна жена од гостиварското село Дебреше се соочува со кривична пријава поради сомнение дека со лага за бременост од својот партнер од Косово извлекла 18.000 евра.

СВР Тетово ја пријавило Е.Р. поради сомнение дека го сторила кривичното дело „измама“.






Според информациите на полицијата, жената го убедувала својот партнер дека е бремена и дека детето е негово. Верувајќи ѝ, мажот во неколку наврати ѝ испратил пари преку брз трансфер на пари. Вкупно ѝ префрлил 18.000 евра.

Откако ги добила парите, според полицијата, жената признала дека го лажела партнерот дека е бремена и дека детето е негово, со цел тој да продолжи да ѝ испраќа пари.

Полицијата по расчистувањето на случајот поднела кривична пријава, а за понатамошниот тек на постапката ќе одлучуваат надлежните институции.

Поврзани содржини