КРВАВА ДРАМА ВО УЧИЛИШТЕ ВО ШПАНИЈА Ученик избоде врсник и тројца наставници
Според неофицијални информации напаѓачот првин му зарил во нож во окото на еден од наставниците. Ножот тој го извадил од ранец. Бил познат како проблематичен ученик.
Тинејџер рани тројца наставници и еден ученик со нож во средно училиште во Херез де ла Фронтера, јужна Шпанија, соопшти полицијата, јавува Ројтерс. Нападот, чиј мотив сѐ уште не е утврден, се случил утринава во училиштето „Елена Гарсија Армада“.
Според неофицијални информации напаѓачот првин му зарил во нож во окото на еден од наставниците. Ножот тој го извадил од ранец. Бил познат како проблематичен ученик.
Еден од наставниците ќе биде опериран, додека другите три жртви се здобиле со лесни рани, изјави извор од здравствените служби на Андалузија.
Телевизискиот канал „Canal SUR“ ги прикажа родителите како се собираат пред училишните порти. Мајката на еден ученик на станицата изјави дека напаѓачот користел два големи ножеви од неговиот ранец во училницата и ги нападнал колегите ученици и наставниците околу 8:15 часот (0615 GMT) по локално време, велејќи им дека ќе ги убие.