ГО ИСКРШИЛЕ АВТОМОБИЛОТ НА САФЕТ БИШЕВАЦ Со метална шипка му пресудиле на задното стакло (ФОТО)

Возилото било оштетено пред семејната куќа во скопското село Љубин каде што живее поранешниот пратеник Сафет Бишевац, а пред него и зад него имало други возила кои не се оштетени.

4,590

Рано изутрина околу 4 часот било оштетено возилото на новинарот и експратеникот Сафет Бишевац кој важи за критичар на власта, објави порталот Експрес.

Засега непознат сторител најверојатно со метална шипка го искршил задното ветробранско стакло на приватното возило марка Ровер старо повеќе од две децении.






Возилото било оштетено пред семејната куќа во скопското село Љубин каде што живее Бишевац, а пред него и зад него имало други возила кои не се оштетени.

Бишевац беше пратеник и беше дел од коалицијата предводена од СДСМ до 2017 година, но по доаѓање на власт на Зоран Заев тој стана остар критичар на актуелната влада.

Инцидентот е пријавен во МВР од каде официјално преземаат мерки за наоѓање на напаѓачот.

Поврзани содржини