Го хакнале профилот на Фејсбук на кавадарчанка и објавиле лажна вест дека ѝ починале двете ќерки од ковид-19
Информацијата ја потврди и сопругот на кавадарчанката и татко на двете млади девојки.
Полицијата соопшти дека некој го злоупотребил Фејсбук профилот на кавадарчанка, односно лажно објавил од нејзино име на интернет дека двете ќерки ѝ умреле од коронавирус. Во постот на социјалната мрежа била ставена и фотографија.
– Во моментов пријава за случајот во кавадаречката полиција поднесуваат и двајцата сопружници, чии ќерки беа прогласени за мртви на интернет – изјави за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Информацијата ја потврди и сопругот на кавадарчанката и татко на двете млади девојки.
Дека се работи за лажна вест ни потврдиле и од Министерството за здравство
– Болницата од Кавадарци ќе го пријави во полиција случајот со лажната вест дека починале две млади девојки од ковид-19 – велат од Министерството за здравство.