📷 ГО ГАСЕЛЕ ДВА ИПОЛ ЧАСА Нема повредени во пожарот во зграда во Куманово

Пожарникарите го гасеа пожарот околу два ипол часа.

357

Пожар избувна попладнево после 16 часот во стан од зграда на улицата „Среќко Пужаљка“ во Куманово. Територијалната противпожарна единица Куманово интервенираше со две противпожарни возила и шестмина пожарникари.

Во пожарот нема повредени лица.






– Изгаснат е и нема повредени лица, причинета е материјална штета – изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Пожарникарите го гасеа пожарот околу два ипол часа.

фото: МИА
Поврзани содржини