ГО ДАДЕ СВОЈОТ ЖИВОТ ЗА ДА СПАСИ ДРУГИ НА КОБНИОТ 16 МАРТ Во Кочани откриена биста на Иле Гоцевски, возачот-херој од Итната помош

Гоцевски на 16 март минатата година со болничкото возила 11 пати превезе повредени од дискотеката на клиниките во Скопје. Тој почина во својот дом на 17 март во вечерните часови во сон, после бурното и исцрпувачко спасување на повредените.

0

Пред објектот на Итната медицинска помош во болницата во Кочани, со звук од сирена на болничко возило, денеска е откриено спомен обележје посветено на Илчо Гоцевски, 64-та жртва од пожарот во дискотеката „Пулс“.

Гоцевски на 16 март минатата година со болничкото возила 11 пати превезе повредени од дискотеката на клиниките во Скопје. Тој почина во својот дом на 17 март во вечерните часови во сон, после бурното и исцрпувачко спасување на повредените.






Бистата на Илчо Гоцевски е подигната на иницијатива на неговите колеги од Итната медицинска помош. На чело на иницијативниот одбор беше Љупчо Ѓоргиевски, сега член на Советот на Општина Кочани.

– Иле не беше колега, тој беше брат, другар, пријател, поддршка и пример за тоа што значи да се биде човек во вистинска смисла на зборот. Во секојдневните моменти знаеше да внесе топлина, насмевка и надеж, а во најтешките покажа нешто што не може да се научи, туку се носи во себе. Вистинска, несебична храброст. Во миг кога многумина би се повлекле, Иле чекореше напред, без двоумење и страв, воден од желбата да помогне и спаси други. Тој го даде највредното што човек може да го даде, својот живот, за да спаси други животи – рече Ѓоргиевски во емотивен говор.

На откривањето на спомен обележјето на Гоцевски, донација на вајарот Филип, присуствуваа претставници на Владата, пратеници, членови на Советот на Општина Кочани, вработените во болницата, негови колеги, семејството, негови пријатели и граѓани.

Името на Илчо Гоцевски, кај сите што го познаваа, ќе остане запаметено како олицетворение на тивко херојство, хуманост и несебично жртвување за други.

Поврзани содржини