Глумел Исус Христос во Русија, основал секта со строги правила, сега е уапсен

Од самиот почеток на сектата по падот на Советскиот сојуз, 59-годишниот Тороп, инаку поранешен полицаец, привлекол илјадници следбеници. Некои од нив верувале дека тој е всушност воскреснатиот Исус Христос.

811

Сергеј Тороп е лидерот на озлогласената секта со илјадници членови, а тој сега беше уапсен во Сибир со уште двајца соучесници. Тороп е познат помеѓу своите следбеници како Висарион, а во 1991 година ја основал Црквата на последниот тестамент, објавнува Би-Би-Си.

Тројцата уапсени се осомничени и за изнудување пари и за нанесување на психички и физички повреди на своите следбеници. Сергеј Тороп, Вадим Редкин и Владимир Ведерников се осомничени дека ја основале религиската организација меѓу чии активности е и насилство над своите членови. Руските истражувачи рекле дека ова трио земало пари од своите следбеници и дека психички и физички ги злоставувале.

Од самиот почеток на сектата по падот на Советскиот сојуз, 59-годишниот Тороп, инаку поранешен полицаец, привлекол илјадници следбеници. Некои од нив верувале дека тој е всушност воскреснатиот Исус Христос.

Руското министерство за правда во 2000-та година објавила дека сектата има 10.000 следбеници ширум светот. Припадниците на Црквата на последниот тестамент не смеат да пушат, пијат или да користат пари, а мора да живеат во скромни услови. Исто така, не смеат да внесуваат месо, кафе, чај, шеќер, леб со квасец и житарки. Следат учење кое се темели на комбинација од методите на руската православна црква и реинкарнацијата, а се подготвуваат за неизбежната апокалипса.

Поврзани содржини