ГЛЕДАЧИТЕ ВООДУШЕВЕНИ Објавен е трејлерот за новиот филм со Џејмс Бонд (ВИДЕО)

513

Објавен е трејлерот за 25 -то продолжение на филмовите за Џејмс Бонд. Филмот е насловен како „Нема време за умирање“, и ова е последното појавување на Даниел Крег како агент 007.

За еден ден, трејлерот бил прегледан речиси 300.000 пати. Филмот треба да се појави во киносалите на 30 септември.






Фановите на филмовите за Џејмс Бонд се воодушевени од трејлерот и со нетрпение го очекуваат филмот, чија премера веќе е одложено поради пандемијата на коронавирус.

„Едвај чекам да го видам филмот. Даниел Крег е мојот омилен Бонд“, „Го чекавме ова со години. Се надевам дека ова ќе биде епски завршеток на Даниел Крег како Џејмс Бонд”, „Ова за филмот изгледа премногу добро. Ќе го гледам штом ќе излезе“, „Премногу сум возбуден“, „Конечно нешто оваа година да очекувам со нетрпение“, се само некои од многуте коментари на фановите.

Во ова продолжение, Бонд ја напушта активната служба и се посветува на мирен живот во Јамајка. Но, неговиот мир не траел долго. Во трејлерот, Џејмс Бонд се соочува со непријателот Ернст Ставр Блофелд, кој го игра Кристоф Валц.

Видеото исто така го прикажува агентот од 00 Номи, кој го игра Лашана Линч. Во трејлерот се прикажани и Ана де Армас, како оперативец на ЦИА, Палома, и негативецот Сафин, кој го игра Рами Малек. Во ова продолжение се појавува и Медлин Свон, која ја игра Леа Сејду, со која агентот 007 избегал во филмот „Спектар“.

Филмот го режирал Кари Јоџи Фукунага, а снимањето се одвивало на локации во Лондон, Италија, Јамајка и Норвешка.

Поврзани содржини