Гледајте ги од дома претставите на Домот на култура од Кавадарци

291

Домот на култура од Кавадарци преку интернет ги носи своите театарски претстави во домовите на сите љубители на културата и уметноста, во време на коронавирус.

Културните работници повикуваат да се погледнат фотографиите и видео записите на нивната страница и профил на социјалните мрежи, од настаните кои се одржани во оваа институција (театарски претстави, концерти од сите музички жанрови, ликовни изложби, фото изложби, промоции на книги и слично. Ќе се обидеме, велат, овие денови до сите да допрат и досега необјавени видео записи од културни и уметнички настани.






– Во време на вонредна состојба во државата, Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци во целост ги почитува и спроведува препораките и мерките на Владата на Република Северна Македонија и на локалната самоуправа на општина Кавадарци – нагласуваат од Културниот дом.

Оттаму додаваат дека иако не се одржуваат настани, просториите на Домот се целосно дезинфицирани според законските прописи.

Поврзани содржини