ШЕФОТ НА ПРОТОКОЛ ВО МНР ПОДНЕЛ ОСТАВКА Лично не бил виновен за скандалот со словачкото знаме

2,014

Директорот на протокол во Министерството за надворешни работи поднел оставка од функцијата поради гафот со словачкото знаме за време на минатонеделната посета на шефицата на словенечката димпломатија Тања Фајон во Скопје, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи за ТВ 24, истакнувајќи дека тој ја прифатил оставката.

– Тоа беше едно од десетте знамиња и кога имате интензивна агенда, се прават грешки. Директорот на протоколот поднесе оставка иако немаше никаква дректна одговорност, оставката ја прифатив. Тоа се други луѓе, а поради морална одговорност тој поднесе оставка – рече Османи.






Гафот се случи пред десетина дена кога место словенечко, во кабинетот на Османи во МНР, за време на неговата средба со словенечката министерка беше поставено знамето на Словачка.

Директорот на протокол во МНР бил на функцијата околу една година.
Поврзани содржини