Главната медицинска сестра и две други дале отказ од ИНфективната клиника, објави вечерва на Фејсбук докторот Ненад Лазаров од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.
– Главната сестра на Инфективна клиника, и уште 2 одделенски сестри даваат отказ во еден акт. Причините ќе оставам да ги кажат надлежните, сестрите си кажале, ова е сериозна загуба за системот во многу лошо време – пишва Лазаров на Фејсбук.
Тој објави и документите од неговите колешки кои се жалат дека нивната работа е непочитувана, иако претставува најважна алка во медицинскиот тим.
– Причините за да ја напуштам Клиниката по 28 години, професионална посветеност се многубројни, но би навела само една: Непочитување и деградирање на профилот медицинска сестра како една од најважната алка во медицинскиот тим, пишува во барањето на главната медицинска сестра.
Главната сестра на Инфективна клиника, и упте 2 одделенски сестри даваат отказ во еден акт. Причините ќе оставам да ги…
由 Nenad Lazarov 发布于 2020年9月29日周二