ГЛАВИЦА ПОЛНА СО ЗДРАВЈЕ И ВИТАМИНИ Зелката делува превентивно и против ракот
Делува превентивно против ракот, помага при слабеење, го подобрува варењето, има антиинфламаторни својства, лекува чир на желудникот и дванаесетпалачното црево, го зајакнува имунитетот, го чисти организмот, ја ублажува депресијата и анксиозноста, ја подобрува концентрацијата и помага при респираторни заболувања.
Зелката е многу ефикасен и достапен лек за многу болести. Содржи дури 42 мг витамин Ц, витамин А, фолна киселина, како и минерали, магнезиум, железо, фосфор, калциум, калиум и натриум. Има многу видови на зелка, а најпознати се белата и црвената зелка.
Најделотворна е црвената зелка, која е до седум пати полековита од белата, а нејзината боја укажува на присуство на лековити соединенија антоцијани.
Зелката е најдобро да се јаде сирова или кратко варена.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.