ГЛАСОВИТЕ ЌЕ ОДАТ ЗА ПАРТИЈАТА ШТО ЌЕ ПРИФАТИ ПРЕТСЕДАТЕЛ ДА СЕ БИРА СОБРАНИЕТО Груби откри кого ќе поддржи ДУИ доколку Османи отпадне во првиот круг

Тоа е условот за коалицирање во вториот круг ако Османи не влезе во вториот круг, рече Груби објаснувајќи дека идејата зад бирањето претседател во Собранието е да се обезбеди волјата на помалите заедници со Бадентерово мнозинство како дополнителен консензус покрај двотретинското мнозинство.

511

Гласовите на ДУИ во вториот круг ќе одат за онаа партија која ќе прифати претседателот на државата во иднина да се бира во Собрание, изјави Артан Груби Артан Груби во интервју на ТВ Сител запрашан на кого го ДУИ би му ги дала гласовите доколку нивниот кандидат Бујар Османи отпадне во првиот круг.

– Ние имаме многу јасен став и тоа го кажа и господинот Ахмети, а тоа е и во нашата програма, бараме претседателот да се бира во Собранието со двотретинско мнозинство плус Бадентерово мнозинство што би обезбедило и општествен консензус што би можел да биде злоупотребен од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ заедно кои можат да ги надгласаат другите заедници затоа што заедно имаат 80 пратеници. Затоа, за да се обезбеди волјата и на другите заедници, наметнуваме решение со Бадентерово мнозинство. Тоа е условот за коалицирање во вториот круг ако Османи не влезе во вториот круг – рече Груби.






На прашањето дали во моментов ДУИ е поблиску до коалиција со ВРМО-ДПМНЕ или со СДСМ, тој избегна конкретно да одговори велејќи – од денешен аспект најблиску сме до коалиција со народот.

Груби беше прашан и за евентуалните коалициски комбинаторики по завршувањето на парламентарните избори. Тој рече дека ДУИ, заедно со Европскиот фронт, на претстојните парламентарни избори цели на освојување 20 пратенички места.

 

Поврзани содржини