ГЛАДНА КОКОШКА ПРОСО СОНУВА Житарка одлична за бубрези, дијабетес и рак

Ако сакате да имате здраво срце: просото е идеална житарка. Содржи многу магнезиум, па само една шолја просо дневно ќе подобри многу работи во вашиот организам, помеѓу другото и редовната работа на срцето. Тоа се само некои од причините зошто би требало да го внесете просото во секојдневната исхрана.

317

Денеска кога сме опкружени со безброј совети за здрава исхрана, многу суплементи, хроно рецепти, и што уште не, понекогаш човек треба да застане и да размисли како живееле луѓето пред нас, кои не можеле сето наведено да го применат, туку живееле во и од природата. Секако ниту природата не е она што некогаш била, но нејзините плодови и натаму остануваат попродуктивни од било кои вештачки творби, со било каков облик.

Просото е всушност многу старо семе кое потекнува од пределите со сува клима, односно од Африка и северна Кина.






Просото е вид на намирница која може да се користи во солени јадења, но и во десерти. Во зависност од тоа како се спрема, може да биде меко, но и крцкаво. Содржи карбохидрати па е затоа добар избор на храна за дијабетичари. Некои видови просо се идеални и за држење диета затоа што се богати со влакна.

Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини