Гир: Пристапувањето кон ЕУ не е проект само на партија или коалиција

215

Реформите треба да се спроведат не само за да и се удоволи на ЕУ или за да се донесе ЕУ тука, дома, туку и за да се донесе Северна Македонија во ЕУ. Усвојувањето на законодавството согласно европските стандарди мора да продолжи, административниот капацитет мора да испорачува, а институциите мора да се оперативни. Владеењето на правото, пак, е почетокот и крајот на процесот на пристапување и ќе остане наш фокус низ целиот процес, порача денеска евроамбасадорот Дејвид Гир.

Според Гир, процесот на пристапување кон ЕУ треба да биде национален проект, а не проект на една политичка партија или коалиција. Реформите се во интерес на граѓаните, како и поттик за просперитетот на институциите, на демократијата. Целта е заемна, во интерес на сите.






-Усвојувањето на законодавството согласно ЕУ стандардите мора да продолжи. Тоа е нешто на што сите треба да се фокусираме, административниот капацитет мора да испорачува, а институциите да се оперативни. Унапредувањето на правото е критична област. Ефективно владеење на правото е неопходно не само за да се обезбеди заштита на граѓаните, туку и за да дојдат инвеститори. Ако тие знаат дека постои правна сигурност и дека можат да се потпрат на системот, ќе се охрабрат и ќе дојдат, ќе ги реализираат вложувањата – рече Гир, одговорајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, откако претходно го презентира Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија за 2020 година, како и пакетот за проширување.

Поврзани содржини