На дивоградбите не им е местото покрај Охридското Езеро и треба да се отстранат, напиша денеска на Твитер амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир.
Евроамбасадорот смета дека уникатното природно и културно богатство во регионот – признаено од УНЕСКО – мора да се зачува.
„Заштитувајќи го наследството на Охрид сега, ние исто така инвестираме во работни места и во угостителската индустрија денес и утре“, пишува Гир на твитер.