Гилотина за најбогатиот човек на светот (ВИДЕО)

Видеото објавено на „Твитер“ прикажува двајца демонстранти кои стојат веднаш до гилотина - симбол на неколку револуционерни движења од 19-тиот век.

438

 






Активисти кои протестираат пред куќата на основачот и извршен директор на „Амазон“, Џеф Безос во Вашингтон, барајќи забрана за корпорацијата, донеле гилотина.

Видеото објавено на „Твитер“ прикажува двајца демонстранти кои стојат веднаш до гилотина – симбол на неколку револуционерни движења од 19-тиот век.

– Кога сме загрозени и кога нашиот глас не се слуша, време е да повлечеме ножеви – викна еден од демонстрантите на мегафон.

Постерот што повикува на протести гласи: „Поддржувајте ги сиромашните, а не богатите“.

Настанот беше објавен на „Твитер“ во саботата. На постерот се обвинува „Амазон“ за надгледување на вработените со помош на полицијата, поттикнување „расистички стравови“ и уништување на синдикатите.

– „Амазон“ го отпушти и расистички го наклевети лидерот на синдикатот Крис Смолс. „Придружете ни се да кажете му кажеме на Безос дека беше доста – пишува постерот.

Крис Смолс беше отпуштен откако тој протестираше поради лошите работни услови за време на пандемијата со корона вирусот.

Компанијата претходно беше обвинета за уништување на синдикатите, за лошите услови за работа и за ниските приходи на вработените.

Безос важи за најбогат човек во светот, чии средства се проценуваат на повеќе од сто милијарди долари нето.

Гилотината стана еден од симболите на Француската револуција од 1789 година, кога беше соборена монархијата и беа осудени аристократите и непријателите на режимот кои беа обезглавени.

 

Поврзани содржини