Гигс: Манчестер јунајтед нема да биде шампион во следните 20 години

Манчестер јунајтед ја освои последната титула во Англија во сезоната 2012/13, кога легендарниот тренер на „црвените ѓаволи“, Алекс Фергусон ја одработи последната сезона во својата кариера.

328

Поранешниот играч за врска на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс даде разочарувачко предвидување за иднината на „црвените ѓаволи“.

– Мислам дека победата во Премиер лигата МЈ не може да ја очекува порано од 10-12 години, ова е сто проценти. Сосема е можно ова да се случи за 15-20 години, особено ако Клоп и Гвардиола останат во Англија. Тие имаат и ресурси и силни фудбалери. Не мора да одите далеку на пример: истиот Ливерпул, освојувајќи ја титулата во 1990 година, веруваше дека наскоро повторно ќе станат шампиони, но на крајот мораше да почекаат 30 години. Дури и на Клоп му беа потребни 4,5 години да ја освои шампионската титула. Навистина е потребно многу време – нагласи Гигс.






Манчестер јунајтед ја освои последната титула во Англија во сезоната 2012/13, кога легендарниот тренер на „црвените ѓаволи“, Алекс Фергусон ја одработи последната сезона во својата кариера.

Поврзани содржини