ГИ ВИДЕЛЕ МАИЦИТЕ И ИЗБЕГАЛЕ Пратениците на СДСМ и на ДУИ киднале кога го виделе дрес кодот на колегите од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, вели дека пратениците од СДСМ и од ДУИ си заминале, поради што немало кворум и не можело да се гласа за Декларацијата за Гоце Делчев.

5,547

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска дојдоа во Собранието со маици со ликот на револуционерот Гоце Делчев на седницата на Комисијата за надворешна политика на која предложија да се гласа за Декларацијата што ја поднесоа.

Но, како што пишува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, пратениците од СДСМ и од ДУИ си заминале, поради што немало кворум и не можело да се гласа за Декларацијата.






„Денес на Комисијата за надворешна политика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата предложија да се разгледува Декларацијата за великанот Гоце Делчев, но за жал, присутните колеги од СДСМ/ДУИ побегнаа, за седницата да нема кворум и да не може да се гласа. Ќе ги почекаме, има време до Илинден, напиша Милошоски на својот профил на Фејсбук.

Поврзани содржини