📽️ ГИ ТОПАТ РУСКИТЕ ВОЈНИЦИ СО ТЕЧЕН МЕТАЛ! Се појави застрашувачко видео од дрон кој како да истура лава врз главите на Русите

Огнената трага што се гледа на видеото е всушност стопен термит, мешавина од алуминиум и железен оксид, позната по екстремно високата температура од над 2.200 степени Целзиусови.

4,131

Неодамна на интернет се појави видео на кое се гледа како дрон истура течен метал врз војниците скриени меѓу дрвјата на линијата на фронтот во Украина.

Оваа ужасна глетка предизвика големо внимание во јавноста и предизвика дебата за нов вид оружје што се користи во војување со беспилотни летала.






Тајно оружје: стопен термит

Според украинските медиуми, дронот што го изврши нападот припаѓа на 108-та бригада за територијална одбрана, а видеото е снимено во близина на селото Украинска во областа Запорожје.

Огнената трага што се гледа на видеото е всушност стопен термит, мешавина од алуминиум и железен оксид, позната по екстремно високата температура од над 2.200 степени Целзиусови.

Оваа температура е двојно поголема од температурата на растопената лава, што укажува на разорната моќ на ова оружје.

Реакции и тврдења

Каналите Киев Индипендент и руските на Телеграм тврдат дека украинската армија е одговорна за овој напад, додека видеото се појави и на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) на сметката „OSINT Technical“, која ги следи воените настани во Украина.

Се вели дека дронот нападнал руски војници кои биле скриени меѓу дрвјата.

„Newsweek“ известува за тврдењата на украинскиот воен центар дека стопениот термит може да навлезе во оклопни возила, што дополнително ја нагласува опасноста од ова ново оружје.

 

Поврзани содржини