ГИ СТАСА КАЗНАТА Тренерите кои ја повлекоа атлетичарката исфрлени од Игрите

Од тренерите беше побарано веднаш да го напуштат Олимпиското село и тоа беше направено во корист и интерес на спортистите, велат од Меѓународниот олимписки комитет.

1,120

Меѓународниот олимписки комитет соопшти дека двајца тренери од белорускиот тим се исфрлени од Олимписките игри во Токио, бидејќи се обидувале да ја испратат дома нивната атлетичарка Кричина Циманускаја.

МОК изјави дека ги укинува акредитациите на Артут Шимак и Јуриј Мајшевиќ.






„Од нив беше побарано веднаш да го напуштат Олимпиското село и тоа беше направено во корист и интерес на спортистите“, се вели во соопштението.

Во неделата, Шимак и Мајшевиќ се обидоа да ја качат Циманускаја во авион и да ја испратат во Белорусија, по критиките кои таа ги упати кон тренерите. Спринтерката тоа го објави на социјалните мрежи и повика полиција која интервенираше на аеродромот.

Таа моментално се наоѓа во Полска која ѝ додели хуманитарна виза.

МОК изјави дека на Шимак и Мајшевиќ ќе им биде дадена можност да бидат сослушани како дел од дисциплинската постапка.

Поврзани содржини