Принцот Хари и Меган Маркл се исплашени од новата појава да бидат снимани со дрон на нивниот имот во Лос Анџелес. Тие се сомневаат дека дроновите се управувани од папараци кои се обидуваат да го снимат познатиот пар и нивниот син Арчи, но не го исклучуваат стравот дека зад ова може да се крие и терористичка група. Затоа Меган и Хари планираат да ангажираат приватно обезбедување за да ја спречат оваа појава, пишуваат британските медиуми.
Како што пренесуваат медиумите, дроновите летале на висина од само шест метри и инцидентите се случиле во најмалку пет наврати во последниот месец.
– Постојано гледаат дронови како летаат и претпоставуваат дека зад нив стојат фотографи, но не можат да бидат сигурни. Луѓето забораваат дека тие се вистински луѓе. Не сакаат посебен третман, само сакаат да се чувствуваат сигурни и да се почитува нивниот дом – изјави нивен пријател за британските медиуми.