ГИ СЛАВИМЕ КАКО ИЗВОР НА ИНВЕСТИЦИИ И ИЗВОЗ Технолошко-индустриските зони ја ставија земјава на „сивата листа“ за даноци на ЕУ

Одлуката на ЕУ се базира врз анализите на Организацијата за економска соработка и развој која претходно ги стави технолошките зони во проблематична категорија, нагласувајќи дека тие содржат потенцијално штетни особини.

972

Европската Унија ја стави земјава на „сива листа“ поради недоволно исполнување на даночните критериуми, во прашање се технолошко-индустриските развојни зони, јави дописничката на МИА од Брисел.

Советот на ЕУ вчера ја стави земјава на сива листа на земји кои имаат потенцијално штетни даночни режими. Во македонскиот случај, како што објаснуваат во Брисел, ова се однесува на технолошко-развојните индустриски зони.






Одлуката на ЕУ се базира врз анализите на Организацијата за економска соработка и развој која претходно ги стави овие зони во проблематична категорија, нагласувајќи дека тие содржат потенцијално штетни особини.

Со ова, Северна Македонија се наоѓа во списокот на земји кои не ги исполнуваат сите меѓународни даночни стандарди, но кои се заложиле дека ќе ги донесат потребните измени за да се усогласат со бараните критериуми на меѓународно ниво.

Списокот на земји и територии кои не ги исполнуваат даночните стандарди се ажурира два пати годишно во ЕУ. 

Поврзани содржини