📽 ГИ ПЛАЌАЛЕ ТЕРОРИСТИТЕ, ПЛАНИРАЛЕ НОВ НАПАД Руската служба уапси четири лица во Дагестан

Им транспортирав оружје - оние момци кои го извршија нападот на „Crocus City Hall“ во Москва. Го префрлив нивното оружје од Махачкала во Митиша (предградие на Москва), изјавил еден од четворицата уапсени странски државјани во Дагестан.

2,476

Странци кои беа уапсени во Дагестан, учествувале во финансирањето на терористите од „Crocus City Hall“, а се подготвувале и да извршат напад во Каспиското Море, соопшти Федералната служба за безбедност на Русија, пренесуваат руските медиуми.

„На 31 март 2024 година, ФСБ на Русија спречи активност на терористичка ќелија составена од четворица странски државјани во Дагестан. Подготвувале терористички напад во Каспиското на места на масовен собир на луѓе. Криминалците го извидувале теренот, направиле импровизирана експлозивна направа и набавиле автоматско оружје“, се наведува во соопштението.

 






Утврдено е и дека уапсените милитанти директно учествувале во финансирањето и снабдувањето на лицата кои го извршија терористичкиот напад на 22 март во Москва. Се нагласува дека веднаш по терористичкиот напад имале намера да ја напуштат територијата на Русија.

Еден од уапсените признал дека ги снабдувал со оружје терористите кои го извршиле нападот на „Крокус“.

– Им транспортирав оружје – оние момци кои го извршија нападот на „Crocus City Hall“ во Москва. Го префрлив нивното оружје од Махачкала во Митиша (предградие на Москва) – рече тој.

 

Полицајците на ФСБ заплениле две автомати „Калашников“ и 460 куршуми од неговата куќа.

Во неделата наутро Националниот антитерористички комитет на Русија објави дека специјалните сили ги блокирале терористите во станбените области Махачкала и Каспијска. Воведен е режим на антитерористичка операција. Подоцна беше објавено дека се приведени три лица кои ги планирале нападите.

 

Поврзани содржини