ГИ ОСТАВИЛ ПАЦИЕНТИТЕ БЕЗ ВОЗДУХ Жител на Желино осомничен за оштетување на цевките за кислород во тетовската болница

Oштетени се две бакарни цевки, од кои едната за компримиран воздух била скината, а втората за азотен оксидол била свиткана, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

543

Маж на возраст од 42 години од тетовското село Желино вчера бил уапсен затоа што полицијата се сомнева во негова вмешаност при оштетувањето на системот за централен довод на кислород во тетовската Клиничка болница на 23 август.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), оштетени биле две бакарни цевки, од кои едната за компримиран воздух била скината, а втората за азотен оксидол била свиткана.






– Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово вчера околу 17 часот, на улица „Илинденска“ во Тетово го лишиле од слобода А.Р.(42) од тетовско Желино поради сомнение за негова инволвираност во оштетувањето на двете бакарни цевки во кругот на тетовската Клиничка болница, пријавено на 23 овој месец. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР-Тетово.

Од СВР-Тетово велат дека по барање на болницата, по инцидентот е зголемено присуството на полицајци околу објектите.

Поврзани содржини