ГИ НАПАДНАЛ СВОЈАТА СЕСТРА И МАЈКА Уапсен е 39-годишник во општина Петровец

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

164

Скопската полиција уапсила 39-годишник по пријава дека тој ги нападнал неговата 43 – годишна сестра и неговата мајка.

„На 26.01.2025 во 16:30 часот во село на подрачјето на општина Петровец, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.З.(39), постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ги нападнал неговата 43 – годишна сестра и неговата мајка“, се вели во полицискиот билтен.






По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани содржини