ГИ НАПАДНАЛ СО НОЖ МАЈКАТА И СОПРУГАТА Скопјанец уапсен за семејно насилство

Околу 16:00 часот во семејниот дом физички ги нападнал неговата 58-годишна мајка и неговата 30-годишна сопруга, при што употребил и остар предмет, се вели во информацијата на МВР.

74

Скопјанец на 34-годишна возраст е уапсен вчера вечерта откако попладнето сопствените мајка и сопруга го пријавиле дека ги нападнал, а притоа употребил и нож, соопшти МВР.

„На 15.02.2026 во 22:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.Е.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом физички ги нападнал неговата 58-годишна мајка и неговата 30-годишна сопруга, при што употребил и остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, пишува во полициското соопштение.

Поврзани содржини