ГИ ИЗВАДИЛ ОД ПАМЕТ АЕРОДРОМЦИ Момче со пиштол-играчка се шетало во „Бисер“ како специјалец (ВИДЕО)

Полицијата го привела Ш.Л. од Скопје, за кого вели дека имал здравствени проблеми, и му ја одзела играчката пластичен пиштол.

1,717

Момчето кое утрово со пластичен пиштол се шетало низ ТЦ „Бисер“ во населбата Аеродром во Скопје е приведено, соопшти МВР.

– Денеска, околу 09.20 часот полициски службеници од Полициска станица Аеродром, постапувајќи по претходна пријава, во трговски центар на подрачјето на Аеродром го затекнале Ш.Л.(19) од Скопје, лице со здравствени проблеми, кој носел пластичен пиштол (играчка). Од страна на полициските службеници, пиштолот и футролата му биле одземени – информираат од МВР.






Жители на Аеродром кои го виделе момчето со пиштол утрово се исплашиле. На социјалните мрежи беше објавено видео од момчето.

Поврзани содржини