ГИ ИСТЕПАЛ МАЈКА СИ, БРАТОТ, СЕСТРАТА… Малолетник беснеел во својот дом

Според пријавеното, малолетникот оштетил и дел од покуќнината, се вели во билтенот на МВР.

438

Полициски службеници од СВР Скопје во вторникот уапсиле малолетник од Скопје затоа што во семејниот дом во скопско село физички ги нападнал неговата 42-годишна мајка, малолетниот брат и 20-годишната сестра, при што употребил тврд предмет, информира МВР.

Според пријавеното, тој оштетил и дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Поврзани содржини