ГИ ФАТИЛЕ СО 50 КИЛОГРАМИ ПАСТРМКА Уапсени двајца албански државјани

При извршената контрола во патничко возило „мерцедес“, со албански национални ознаки, биле пронајдени 81 парче охридска пастрмка и 20 рибарски мрежи, информира МВР.

380

Лишени се од слобода двајца државјани на Албанија откако на влезот во струшкото село Радолишта во нивното возило биле пронајдени 50 килограми риба од страна на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал – Струга.

Полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал-Струга, во содејство со Полициската станица за граничен надзор Франгово, денеска кај крстосницата на влез во село Радолишта, струшко, лишени од слобода се С.М.(39) и А.С.(43) двајцата од Р.Албанија, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи.






Според информациите од МВР при извршената контрола во патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки биле пронајдени 81 парче охридска пастрмка и 20 рибарски мрежи.

С.М. и А.С. се приведени во полициската станица за Граничен надзор Франгово и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини