ГИ ЧИСТЕЛЕ МАГАЦИНИТЕ, ПА МУ УДРИЛЕ КИБРИТ НА ОТПАДОТ!? Пожар во поранешен стопански објект во Охрид
Огнот се проширил и предизвикал пожар во кругот на објектот.
Пожар избувнал вчера околу 14 часот во кругот на поранешен стопански објект на улицата „7 Ноември“ во Охрид, соопштуваат од СВР Охрид. Пријавата стигнала во полициската станица, по што биле преземени мерки за расветлување на случајот.
Според првичните сознанија, настанот започнал откако Б.С. (55) од Радовиш и Д.Т. (70) од Охрид, по чистење на поранешните деловни простории, изнеле надвор хартија, дрвени и други предмети и ги запалиле. Огнот се проширил и предизвикал пожар во кругот на објектот.
На терен интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, која го локализирала пожарот. По целосно документирање на настанот, против двајцата мажи ќе биде поднесена соодветна пријава.