ГЕРМАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ШТАЈНМАЈЕР ДЕНЕСКА ВО СКОПЈЕ Приватните превозници му дадоа предност и ја повлекоа блокадата

Штајнмајер е предвидено да се обрати и во Парламентот, да се сретне со млади луѓе во Претседателскиот центар за политичко образование, да разговара со филмската екипа на филмот „Медена земја" и да го посети Ветерниот парк во Богданци.

162

Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре ќе биде домаќин на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајеркој ќе престојува во официјална посета на земјава. Оваа посета е причина приватните превозници денеска да не ја блокираат раскрсницата кај Мавовка, но како што најавија, протестот ќе продолжи в четврток до кога дадоа рок Град Скопје да го реши проблемот со неплатениот долг.

Според најавата германскиот претседател Штајнмајер на официјална церемонија ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба на двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Германија.






Во рамки на посетата, во црквата Св. Спас во Скопје, Штајнмајер и Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

Германскиот претседател ќе се обрати и во Парламентот, ќе се сретне со млади луѓе во Претседателскиот центар за политичко образование.

Штајнмајер попладне ќе има средба и со премиерот Димитар Ковачевски.

Германскиот претседател, утре во Чифте амам ќе се сретне со филмската екипа на филмот „Медена земја”, а во попладневните часови ќе ги посети ветерниот парк во Богданци и германската компанија Дрекселмајер во Кавадарци.

Ова е прва посета на федералниот претседател Штајнмаер на земјава.

По Северна Македонија, Штајнмаер заминува во посета на соседна Албанија. 

Поврзани содржини