ГЕРМАНСКИ ВОЗ БИЛ ЗАПРЕН ПОРАДИ ПРЕМНОГУ ВАЛКАНИ ВАГОНИ Патниците морале да заминат сред патување

Жал ни е за оваа ситуација. Очекуваме возовите на долги релации, што сообраќаат низ цела Германија, да ги исполнуваат високите стандарди за квалитет. За жал, тоа не беше случај со ова патување, изјави портпаролката на националната железничка компанија „Дојче бан“.

492

Патници во германски воз биле замолени да го напуштат, откако персоналот проценил дека вагоните се премногу валкани за патувањето да продолжи, соопшти националната железничка компанија Дојче бан.

– Станува збор за брз воз на националната железничка компанија „Дојче бан“ кој во вторникот сообраќал од Минхен кон Хамбург. Персоналот, при рутинска проверка, утврдил дека состојбата со чистотата е недозволива за натамошно патување – изјави портпаролка на компанијата за агенцијата ДПА.






На патниците им било наложено да го напуштат возот во Нирнберг, околу 155 километри северно од Минхен.

– Жал ни е за оваа ситуација. Очекуваме возовите на долги релации, што сообраќаат низ цела Германија, да ги исполнуваат високите стандарди за квалитет. За жал, тоа не беше случај со ова патување – изјави портпаролката.

Таа не даде детали за степенот на валканост на вагоните, ниту прецизираше колку патници се наоѓале во возот.

– Отприлика еден час по запирањето, на патниците им беше понуден алтернативен превоз, а добија и информации како да побараат обештетување – додаде портпаролката.

Поврзани содржини