ГЕРМАНСКАТА АВТО-ИНДУСТРИЈА ЛАНИ ОТПУШТИ РЕЧИСИ 50.000 РАБОТНИЦИ Дел од компаниите ќе отпуштаат и годинава
Условите во Германија и Европа се влошуваат, што претставува товар за компаниите, особено за малите и средните добавувачи од автомобилскиот сектор, наведува претседателката на VDA, Хилдегард Милер.
Компаниите во германскиот автомобилски сектор затворија речиси 50.000 работни места во 2025 година, а некои од нив имаат намера да отпуштат работници и во 2026 година, според резултатите од анкетата на германската Асоцијација за автомобилска индустрија VDA.
Автомобилскиот сектор во Германија вработил околу 726.000 работници во 2025 година, речиси 47.000 помалку отколку во 2024 година.
Во споредба со 2023 година, нивниот број е намален за речиси 107.000, пресметаа во VDA.
Според анкетата на асоцијацијата, речиси две третини од компаниите во автомобилскиот сектор укинаа работни места во своите фабрики во Германија лани.
Половина од анкетираните 124 компании изјавија дека сè уште затвораат работни места, а приближно една четвртина од нив распределуваат отпуштања само во Германија, додека отвораат работни места во странски фабрики.
-Условите во Германија и Европа се влошуваат, што претставува товар за компаниите, особено за малите и средните добавувачи од автомобилскиот сектор – наведува претседателката на VDA, Хилдегард Милер.
Таа особено остро го критикуваше усвојувањето на законите на европско ниво, предупредувајќи на „комбинација од негирање на реалноста и илузија за релевантност“ во Брисел.