Германска Зоолошка принудена да ги храни животните со други животни

339

Зоолошките градини во Германија молат за донации, откако почна изолацијата што ја предизвика коронавирусот. Ситуацијата е отидена дотаму што директорка на зоолошка градина во Северна Германија призна дека за да опстане Зоолошката некои животни ќе треба да се хранат со други животни, пишува Би-би-си.

– Направивме листа на животни кои прво ќе ги заколеме – вели Верена Каспари за „Ди Велт“ од Зоолошката градина „Нојминстер“.






Каспари вели дека убивањето на некои животни за да се нахранат други би бил последен и непријатен избор, но дека дури ни тоа нема да ги реши финансиските проблеми.

– На фоките и на пингвините дневно им се потребни големи количества свежа риба. Ако дојде до тоа ќе мора да еутаназирам животни, попрво одошто да ги оставам да умрат од глад. Во најлош случај ќе ги храниме едните животни со другите – посочува таа.

Оваа Зоолошка градина е дел од здружение кое не е покриено со помош од државата за мали бизниси. Таа проценила дека нејзината загуба оваа пролет ќе изнесува околу 175.000 евра.
Освен јавни донации, германските зоолошки градини заеднички бараат владина помош од 100 милиони евра, јавува ДПА.

Германското национално здружение на зоолошки градини вели дека за разлика од други бизниси, тие не можат да влезат во хибернација и да ги намалат трошоците. Животните треба да се хранат секој ден и да се одржува температурата над 20 степени за тропските видови. Од Здружението велат дека изолацијата ја чини секоја типична зоолошка градина во Германија загуба од околу 500.000 евра неделно.

Зоолошката градина „Шонбрун“ во Виена вели дека засега издржува со заштедите што ги има. Но, на 1 април таа испрати 70% од вработените на тромесечен одмор и им ги задржа рабтните места. Во Австрија има систем наречен „Kurzarbeit“, исто како во Гермнаија, при што вработените не ги губат местата ако работодавачот има потешкотии.

 

Поврзани содржини