Германска компанија ја води трката за вакцина против ковид-19

„BioNTech“ е една од 17-те компании во светот кои работат неуморно во оваа уникатна трка.

2,662

Битката за вакцина против ковид-19 продолжува со полна пареа, но веќе е обележан напредокот на германската компанија „BioNTech“, која работи во соработка со „Pfizer“, пишува „Wall Street Journal“.

– Неколку стотици милиони дози можат да бидат подготвени пред да се издаде лиценцата, а повеќе од 1 милијарда ќе бидат достапни до крајот на 2021 година – рече ко-основачот и извршен директор на компанијата, д-р Хувеин Шахин.






„BioNTech“ е една од 17-те компании во светот кои работат неуморно во оваа уникатна трка.

Третата и последната фаза од клиничките испитувања се очекува да започне подоцна овој месец, при што околу 30.000 волонтери се очекува да учествуваат во испитувањата, така што резултатите да бидат што е можно попрецизни.

Сепак, раководството предупредува дека постои реален ризик вакцината против ковид-19 да трае до 10 години, бидејќи сè уште има премногу непознати за вирусот што сè уште може да биде пречка за фармацевтскиот капацитет.

 

Поврзани содржини