Германија: Утре одлука за продолжување на аранжманот за работници од Западен Балкан

449

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер изјави дека германската имиграциска политика кон Западен Балкан се покажала функционална во претходните пет години и најави дека германската Влада утре ќе разгледува продолжување на овој аранжман, кој истекува кон крајот на годинава.

– Постоечките правила за Западен Балкан го издржаа тестот на времето. Во ноември 2015 година договорено е предусловот за влез во Германија да биде постоечкиот договор за труд. Федералните агенции за вработување оценуваат дека овој систем добро функционира, а злоупотребата е многу мала – истакна Зехофер.






Тој додаде дека за Западен Балкан е договорена квота од 25.000 работници, која ќе биде ревидирана на годишно ниво.

Поврзани содржини